Инспекторите од „Тројката“ меѓународни кредитори вчера пристигнале во Атина со цел да и апелираат на грчката влада да ја забрза имплементацијата на економски реформи заради добивање на преостанатата помош од спасувачкиот пакет.

Претстaвниците на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија денес би требало да ги започнат преговорите со официјалните претставници на грчката влада, пренесува агенцијата АП.
Меѓу долго одложуваните реформи се забрзувањето на програмата за приватизација и либерализација на енергетскиот сектор.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас врши притисок на кредиторите да и доделат на Атина поблаги услови за отплата на кредитот, што, како што наведува АП, ќе и овозможи на неговата земја да излезе од повеќегодишната рецесија.
Кредиторите на Грција и соопштија дека преговорите за отпис на долгот ќе бидат можни кога владата во Атина ќе спроведе мерки за штедење и ќе ги олесни отпуштањата во јавниот сектор.