3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомошта за Кипар доведена во прашање

Помошта за Кипар доведена во прашање

kipar1

Пакетот помош за Кипар вреден 10 милијарди евра е доведен во прашање со веста дека во врска со него последниот збор ќе го има поделениот парламент, известува Ројтерс.

Ова ненадејно гласање е сега закажано, а според првите информации, речиси една половина од застапниците во парламентот, кој брои 56 места, се против пакетот помош на ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Оваа помош се смета за клучна за Кипар да остане во еврозоната.

Опозициската Партијата на зелените е првата партија која соопшти дека ќе гласа против. Комунистичката АКЕЛ и Социјалистичката партија ЕДЕК кои заедно имаат 24 места во парламентот, веројатно исто така ќе бидат против, но се уште има шанса да останат воздржани.

„Мислам дека е злочин да го предадеме Кипар во рацете на тројката и да дозволиме да стане колонија“, изјави пратеникот Џорџ Пердикис.

Двете најголеми партии во парламентот, Демократскиот собир и Демократската партија ќе гласаат за пакетот помош од меѓународните кредитори, но дури и заедно нема да имаат мнозинство и затоа ќе треба да побараат поддршка од помалите партии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП