30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтарт на трговската недела со промет од околу 5,85 милиони денари

Старт на трговската недела со промет од околу 5,85 милиони денари

makedonska-berza-berzi-zvonce

На Македонската берза во понеделникот акцијата на Макпетрол АД беше најтргувана акција со промет од 2.656.800 денари и учество во вкупниот промет од скоро 45,38 отсто.

Се тргуваше по просечна цена од 26.047,06 денари по акција и беше истргувано количество од 102 акции преку шест трансакции.

Со раст од 19,74 отсто и вредност на 1.850 денари акцијата на КЈУБИ го заврши денот, со што ја зазема челната позиција на листата на добитници. Зад неа со пораст од 10,24 отсто се најде акцијата на Хотели Метропол Охрид со истргувана колучина од 150 акции по просечна цена од 183 денари.

Лидер на негативната листа беше акцијата на Топлификација АД Скопје со пад од 1,05 отсто, при што се истргуваа 70 лотови по просечна цена од 850 денари.

Од обврзниците единствено обврзницата за денационализација РМДЕН15 денес оствари промет, и тоа поголем од 1,055 милион денари со истргувани 18.533 лотови.

Индексот МБИ10 беше во незначителен пораст од 0,07 отсто и заврши на вредност од 1.967,74 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП