4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Еве кој може одма да добие работа

Германија: Еве кој може одма да добие работа

kam

Најдефицитарен кадар во Германија се возачите на сите копнени возила, јавува државниот германски медиум “Дојче веле”, наведувајки дека ситуацијата е особено критична во јавниот транспорт во градовите.

Здруженијата активираа аларм- ако не се преземе нешто во Германија наскоро ќе биде невозможно да се пренесат сите патници и сета роба.

Здружението на германските превозници посебно укажува на јазот меѓу се погустиот јавен превоз и се поголемиот број на возачи кои одат во пензија.

Ситуацијата е особено критична кај машиновозачите. “Никој веќе не сака да вози локомотива”, се жалат од синдикатот на машиновозачите. Детските соништа за управување со локомитива очигледно испариле после пубертетот.

Во моментов во Германија недостасуваат од 800 до 1.000 машиновозачи. Очигледно никој не е спремен да работи осамен и во смени.

Во градовите како Берлин, очајно бараат некој возач за превоз на граѓаните. Просечната старост на берлинските возачи на подземната и надземната железница е 50 години.

Откако во Германија пред неколку години се укина монополот на железницата во меѓуградскиот железнички сообраќај, се појави сериозен недостаток на возачи на автобуси на долги релации.

Германската асоцијација на автобуски превозници вели дека има дефицит од 2.000 возачи. Во следните години тој број би можел да се зголеми до 10.000 возачи.

Слична е ситуацијата и со растечкиот сектор на патничкиот транспорт на стоки. Моментално не постојат точни податоци колку возачи за теретни возила фалат, но во областа на Дуисбург кое е седиште на многу шпедитерски компании, недостасуваат 3.000 возачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП