4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Канада порасна на 7 проценти

Невработеноста во Канада порасна на 7 проценти

Канада

Во Канада во август се отворени 26.000 нови работни места, нешто подобро од очекуваното, додека стапката на невработеност пораснала на седум проценти, покажуваат податоците на Владата.

„Порастот на невработенота се случи бидејќи се повеќе луѓе учествувале на пазарот за труд“, се наведува во соопштението на канадската статистичка канцеларија, а пренесува агенцијата Франс прес.

Економистите предвидуваа отворање на 25.000 нови работни места и пад на стапката на невработеност на 6,8 проценти од 6,9 проценти од јули.

Зголемувањето на стапката на невработеност доаѓа во тешки времиња за канадската економија, кога во вториот квартал падна по годишна стапка од 1,6 проценти по големото намалување на производството на нафта предизвикано од шумски пожари во покраината Алберта која е богата со нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП