24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсетен уште еден помал земјотрес во Скопје

Осетен уште еден помал земјотрес во Скопје

zm

Земјотрес со јачина од 2.3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје во 11.50 часот, во понеделник, по серијата посилни земјотреси, кои го потресоа главниот град во неделата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во понеделник, на 12.09.2016 год., регистрира слаб земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 11 часот и 50 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Утрово се почувствувани десетина послаби земјотреси, со јачина од 2 до 2.5 степени, по синоќешниот од 20.57 часот.

Според сеизмолозите, нема место за паника, а земјата се уште се тресе по вчерашните два посилни земјотреси, кои скопјани ги извадија надвор од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП