3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„MultiКулти Талент“, промотивен настан и забава за младите од Куманово

„MultiКулти Талент“, промотивен настан и забава за младите од Куманово

multi-kulti

На плоштадот во Куманово, денес во 18 часот Mладинскиот центар MultiKулти oд Куманово започнува со активности во новата сезона како дел од проектот ,,МultiKулти Social Youth Service“ поддржан од UNDP.

Главна цел на новиот циклус на активности е поддржување на младински инцијативи, промовирање на младинско учество и младински активизам во насока на интеркултурно учење и одржлив меѓуетнички дијалог.

Во новата сезона ќе бидат поддржани четири младински инцијативи и проекти чија идеја и реализација ќе им биде препуштена на младите средношколци од нашиот град.
Овие иницијативи ќе се реализираат во текот на наредните два месеци и сите млади кои ќе ги реализираат своите иницијативи ќе имаат константна поддршка од личен ментор кој ќе работи заедно со нив.

Настанот ,,MultiКулти Талент “ има за цел да ги промовира новите активности, но воедно и да им даде простор на младите да се забавуваат, да ги покажат своите таленти и да ги поттикне да иницираат повеќе културно-уметнички случувања во градот. Отворениот повик сеуште трае и сите кои што сакаат да пеат, играат, свират, глумат, рецитираат или да ни покажат поинаков талент можат да не исконтактираат и да бидат вклучени во програмата.

Како дел од настанот ќе има специјален гостин, младиот актер Чедомир Митевски кој ќе настапи со свој stand-up.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП