4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Постојаните несогласувања на ММФ и ЕУ и штетат на Грција

Ципрас: Постојаните несогласувања на ММФ и ЕУ и штетат на Грција

ципро

Несогласувањето на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија за начините на решавање на грчката должничка криза и нанесуваат штета на Грција, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Постојаните несогласувања на ММФ и европските институции создаваат услови за доцнење во враќањето на довербата на пазарите и инвеститорите“, изјави Ципрас на конференцијата за новинари во Солун.

ММФ сеуште не одлучил дали ќе учествува во третиот меѓунарден пакет помош за Грција бидејќи не е сигурен дали грчкиот долг е одржлив. Моменталниот долг на Грција во однос на стапката на домашниот бруто производ надминува 170 проценти.

Според зборовите на Ципрас, несогласувањата меѓу ЕУ и ММФ го спречуваат благовременото учество на државата во програмата за квантитативни олеснувања на Европската централна банка.

„Земјата која помина болни прилагодувања не може повеќе да чека. Грција има право на фер регулација на должничкиот проблем. Грчкиот проблем е европски проблем“, заклучи Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП