29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнженер на Фолксваген ја призна вината за манипулациите со софтверот

Инженер на Фолксваген ја призна вината за манипулациите со софтверот

фолкс

Инженерот на Фолксваген Џејмс Роберт Лианг ја призна вината во измамата за која се товари оваа компанија.

Пресудата ја донел федералниот суд во Детроит и станува збор за првата пресуда во врска со одговорните за скандалот со манипулирањето со издувните гасови кај дизел моторите на Фолксваген, што беше откриен пред една година.

Лианг се согласи и на соработка со ‘ловците на други глави’.

Нему му се заканува петгодишна затворска казна, но благодарејќи на соработката би требало да добие помалку.

Фолксваген се согласи да плати 16,5 милијарди долари оштета во САД за 428 илјади возила.

Лианг учествувал во изработката на спорниот софтвер кој во 2008 година бил префрлен од Германија во САД. Во тужбата се наведува дека конкретно работел на моделите „џета“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП