2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈагленот станува ‘жешка стока’ на светските берзи

Јагленот станува ‘жешка стока’ на светските берзи

јаглен

Јагленот сега е една од „жешките стоки“ на светскиот пазар и неговиот раст би можел да продолжи да расте, и покрај сите предвидувања за негово изумирање.

Порастот во кинескиот увоз со цел компензација на намаленото домашно производство, предизвика пораст на цените на јагленот во Европа близу до максимумот во последните 18 месеци, додека Австралија ќе го забележи првиот годишен раст уште од 2010 година.

На почетокот на годината цените падна близу деценискиот минимум заради намалувањето на барањата на комуналните претпријатија да се намали загадувањето и заради прогласот на меѓународната агенција за енергија дека е завршен златниот период за горивото во Кина.

Сега трговците во предвидувањето на факторите кои би можеле уште да ги покачат цените калкулираат меѓу шансите екстремно време да ги погоди главните производители и Кина и натаму да го зголемува увозот.

Кинеските рудари во четвртокот се договорија да го координираат производството за да помогнат во стабилизирањето на цените, додека производителите би го зголемиле производството кога пазарот е тесен, а би ја смалиле продукцијата кога постојат вишоци.

Најголемиот светски производител за гориво Coal India Ltd минатата недела го забележа најниското производство во последните три години, откако поројните дождови и штрајковите предизвикаа намалување на производството. Рударите бараат повеќе работни места и поголеми плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП