3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСамсунг повика веднаш да престанат да се користат телефоните 'Galaxy Note 7'

Самсунг повика веднаш да престанат да се користат телефоните ‘Galaxy Note 7’

Image (10)

Јужнокорејската компанија Самсунг ги повика сите кои што го поседуваат нејзиниот модел на паметен телефон “Galaxy Note 7” веднаш да престанат да го користат и што поскоро да го заменат, откако биле пријавени нови случаи на запалување на овие уреди.

Самсунг, најголемиот светски производител на паметни телефони, нареди на почетокот на месецот да се повлечат сите телефони од овој модел во целиот свет, кога било утврдено дека литиумските батерии се виновни за пријавените експлозии на тие уреди.

„Ги повикуваме корисниците да ги изгаснат своите телефони ‘Galaxy Note 7’ и да ги заменат што е можно побрзо“, изјави Кох Донг Џин, претседателот на одделението за мобилни комуникации на Самсунг.

Сопствениците на тој модел можат да добијат телефони на привремено користење, а компанијата планира да обезбеди нови батерии од 19 септември во Јужна Кореја, а потоа и во другите земји.

Американската Сојузна управа за авијација ги предупреди оваа недела патниците во авионите за време на летот да не ги вклучуваат и полнат најновите модели на Самсунг паметните телефони.

Неколку авиокомпании од патниците бараа да не ги вклучуваат таквите телефони, а некои авиопревозници дури и ги забранија на своите летови.

Одлуката за повлекување на 2,5 милиони телефони е донесена само две недели од почетокот на продажбата на тој модел.

До 1 септември е потврдено дека 35 телефони се запалиле, во главно додека батеријата се полнела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП