4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на два нови нуклеарни реактора во Иран

Почна изградбата на два нови нуклеарни реактора во Иран

nuki

Иран и Русија започнаа денес во Иран да градат два нови нуклеарни реактори на местото на електраната Бушер, објавија службени извори.

Првиот човек задолжен за проектот во Бушер, Махмуд Џафари, појасни дека работите на двата реактора ќе траат десет години и ќе чинат 10 милијарди долари.

„Кога реакторите ќе бидат во функција, ќе штедиме 11 милиони барели нафта годишно и ќе спречиме емисија на седум милиони тони стакленички гасови“, рече Џафари.

Околу 8.000 работници ќе учествуваат во работите што ќе ги води руската сојузна агенција за атомска енергија Росатом, заедно со иранската компанија за развој и нуклеарно производство NPPD.

Оваа држава има само еден нуклеарен реактор што е во функција од 2011 година, а го има изградено Русија.

Иран на 14 јули 2015 година во Виена го заклучи договорот со големите сили со кој гарантира дека неговата нуклеарна програма ќе биде исклучиво за цивилни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП