3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарците добри трговци, суфицитот порасна за 24 мил евра

Унгарците добри трговци, суфицитот порасна за 24 мил евра

унгарија0000

Трговскиот суфицит на Унгарија порасна за 24 милиони евра, на 662 милиони евра во месеци јули во однос на истиот месец минатата година.

Тоа го соопшти унгарската канцеларија за статистика (KSH).

Извозот во јули падна за 5,2 проценти, на 7,3 милијарди евра, а увозот за 6,0 проценти, на 6,6 милијарди евра во однос на истиот период лани, пренесува порталот Франс прес.

Во првите седум месеци од оваа година, извозот пораснал за 1,9 проценти, на 53,7 милијарди евра, а увозот за 0,2 проценти, на 47,7 милијарди евра.

Благодарение на тоа, трговскиот суфицит во истиот период пораснал за 893 милиони евра, на шест милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП