7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен интензитет на сообраќајот надвор од градовите

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градовите

сообракај-улици

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП