3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМега преземање: Руската гордост во француски раце

Мега преземање: Руската гордост во француски раце

59306102857d2754e2d517024885042_w640

Најголемиот руски производител на автомобили „AvtoVAZ“ ќе биде докапитализиран во два наврати, а мнозински сопственик ќе стане францускиот производител „Renault“.

Вкупната финансиска инjекција во рускиот производител на автомобили ќе надмине милијарда евра.

Првата докапитализација ќе биде на крајот на оваа година за 25 милијарди рубљи (346 милиони евра), а другата во првиот квартал од 2017 година за уште 60 милијарди рубљи (830 милиони евра).

Докапитализацијата ќе биде извршена преку јавна понуда. Ко-сопствениците на „AvtoVAZ“, кој е производител на најпопуларниот руски автомобил „Lada“, се конзорциумот „Renault-Nissan“ и руската државна компанија „Rostek“.

„Nissan“ во докапитализацијата нема да учествува, а „Renault“ и „Rostek“ можат своите побарувања од „AvtoVAZ“ да ги конвертираат во акции. „Rostek“ на крајот на јуни објави дека на „AvtoVAZ“ ќе му прости 20 милијарди рубљи, а 31 милијада ќе ги конвертира во акции.

Сите акции кои ќе преостанат по затворањето на јавната понуда ќе ги земе „Renault“ и така ќе стане сопственик на контролиран пакет акции во „AvtoVAZ“. „Rostek“ ќе задржи пакет акции кои му даваат право на вето на одлуките во „AvtoVAZ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП