3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска ќе ги казнува компаниите во кои нема доволен број на жени

Шведска ќе ги казнува компаниите во кои нема доволен број на жени

119398751957d2d994c0061042886814_w640

Оправдано се мисли дека Шведска е земјата која е рај за жените, без оглед дали станува збор за заштитата на правата, гласот на жените, позицијата во компаниите, социјалната заштита или пак вреднувањето на квалитетите на жената со оние на мажот. Шведската влада работи на изработка на закон, кој би можел да доведе до парични казни за фирмите во кои најмалку 40 проценти од местата во Управните одбори не ги заземаат жени.

Немате 40 проценти жени во Управниот одбор на компаниите? Казна 520.000 евра.

Тоа го изјави министерот за индустрија на оваа земја, Микаел Дамберг.

Доколку биде одобрен, законот ќе влезе во статутарните книги наредната година, а примената ќе започне од 2019 година, изјави Дамберг.

Со него се предвидуваат парични казни во износ од 26.200 до 520.000 евра во зависност од големината на компанијата. Шведска е пионир и во напредувањето на улогата на жените во политиката, каде застапеноста на половите е речиси еднаква во владата и парламентот.

Жените во Шведска во моментот заземаат 32 проценти место во управните одбори, што е далеку над просекот во Европската унија, кој изнесува 23,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП