2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас повикува на нова визија за Европа

Ципрас повикува на нова визија за Европа

ципрас-неи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повика во петокот на „нова визија за Европа“, на самитот на јужни земји членки на Европската унија.

„Нашата заедничка цел е кохезијата на Европската унија“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на самитот на кои учествуваат и шефовите на владите и претставници на Франција, Италија, Кипар, Малта, Шпанија и Португалија.

Медитеранските членки на Европската унија се тешко погодени од глобалната финансиска и мигрантска криза, смета Ципрас, а Европа мора посилно да работи на надвладувањето на моменталните прболеми.

„Потребна ни е нова визија за Европа“, истакна премиерот на Грција.

Целта на самитот кој се одржува под називот ЕуМед Атина 2016 е расправата за заедничките проблеми и иднината на Европа, а неговата цел не е создавање фронт против северните членки на ЕУ, повтори во петокот владата на Грција пред почетокот на овој состанок.

Покрај домаќинот Ципрас, на самитот присуствуваат и францускиот претседател Франсоа Оалнд, италијанскиот премиер Матео Ренци, португалскиот премиер Антонио Кошта, кипарскиот претседател Никос Анастасијадес и малтешкиот премиер Џозеф Мускат.

Шпанија, пак, ја претставува државниот секретар за европски прашања Фернандо Егуиздазу, бидејќи привремениот премиер Маријано Рахој најави дека нема да присуствува на настанот.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој присуствува на состанокот на министрите за финансии од земјите членки на ЕУ во словачката престолнина Братислава, смета дека оваа средба во Атина нема важност.

„Мислев дека тоа е средба на челници на партии, а тоа нема да го коментирам. Кога ќе се најдат претседатели на социјалистички партии, од тоа во повеќето случаи не излегува ништо паметно“, изјави Шојбеле, кого го цитира агенцијата DPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП