4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакциja со акциите на Скопски пазар

Блок трансакциja со акциите на Скопски пазар

berza

Со пад на индексите МБИ-10 и ОМБ и промет од само 3,7 милиони денари во петочното  тргување, Македонската берза ја завршува оваа скратена трговска недела.

Блок трансакцијата со акциите на Скопски пазар Скопје во вредност од 1,465 милиони денари го отвори пазарот и воедно го зголеми вкупниот промет во тргувањето во петокот.

Во регуларниот дел од тргувањето најтргувани хартии од вредност беа на Тетекс Тетово и на Макпетрол АД Скопје, со промет од околу два милиона денари.

Бројот на губитници наспроти добитници беше шест наспроти три, додека само две хартии од вредност немаа промена во вредноста. Добитник на денот е акцијата на Хотели Метропол Скопје која забележа раст од солидни 21,17 отсто при истргувани 80 лотови.

Скопски Пазар АД Скопје ја извести јавноста дека лицето Сашо Давитковски, претседател на Управен одбор на Скопски Пазар АД Скопје, продаде 159 обични акции што е 0,22 отсто од вкупниот број акции со право на глас во Друштвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП