3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ја засилува борбата против даночните измами

ЕК ја засилува борбата против даночните измами

ECB shows disposition to reactivate bonds buying

Мултинационалните компании треба да плаќаат даноци таму каде што генерираат профит, рече комесарот за економски и финансиски прашања на Европската унија (ЕУ), Пјер Московичи.

Пред почетокот на неформалниот состанок на Еврогрупата во Братислава, тој ја коментираше пред новинарите темата за создавање на заедничка консолидирана даночна основа за мултинационалните компании кои работат на територијата на заедницата.

Во наредните недели Европската комисија (ЕК) ќе го поднесе својот предлог за општата даночна основа. Ова ќе биде дел од напорите за борба против даночната евазија и даночните злосторства. Брисел ќе подготви и „црна листа“ на даночните засолништа, стана јасно од зборовите на комесарот.

Одлуката за „Apple“ не е насочена против САД или инвеститорите од САД, посочи тој. Таа се базира врз податоците и правилата, рече Московичи и потсети дека компанијата платила многу мали даноци на профит во Европа – во износ од 1% во 2003-та година и до 0,005% во 2014-та година.

ЕК одреди парична казна од рекордни 13 милијарди евра на компанијата за склучен даночен договор со владата на Ирска.

Пјер Московичи додаде дека економијата на ЕУ е отворена, таа има потреба од инвестиции, но и од општи правила.

„Сигналот е јасен и треба да биде чуен – без повеќе избегнување на даноци, даночни измами и без агресивните даночни планирање“, додаде комесарот.

Пред почетокот на официјалните разговори на министрите за финансии на еврозоната Пјер Московичи го коментираше и дневниот ред на седницата. Првата точка ќе биде Грција и исполнувањето на целите на првиот преглед на третата спасувачка програма. До крајот на годината ќе бидат земени неколку многу важни одлуки за иднината на земјата, посочи уште комесарот.

Московичи смета дека до крајот на септември Атина ќе ги исполни сите барања – реформи во енергетскиот сектор, независност на даночните служби и создавање на нов фонд за приватизација. Тој разговарал со министерот за финансии на Грција, Евклидис Цакалотос кој го уверил дека исполнувањето на целите одат според планот. Така до крајот на годината Атина ќе може да почне „конструктивен и успешен“ повик за долговите на земјата.

Буџетските процедури исто така ќе се во фокусот на Еврогрупата. Министрите за финансии треба да размислат и акционен план во однос на прекумерениот дефицит во Шпанија, бидејќи земјата нема постојана влада и не може да се преземе акција за намалување на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП