19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 познати личности кои својата фантастична кариера ја започнале со отказ

10 познати личности кои својата фантастична кариера ја започнале со отказ

image (9)

Ова е доказ дека отказот може да ви ја отвори вратата кон вистинската кариера…

Во денешно веме кога отказите за жал се секојдневие, утеха може да ви даде фактот дека дури и најпознатите и успешни луѓе еднаш биле „откачени“, а тоа воопшто не влијаело на нивниот успех понатака во животот. Еве како…

– Абрахам Линколн бил „деградиран“ во војската во текот на 1832 година. Тој бил капетан, а станал „обичен“ војник

– Хавард Стерн добил отказ во NBC радиото поради „чудната“ смисла за хумор.

– Џ. К. Роулинг ја загубила работата како секретарка во „Amnesty International“ бидејќи компјутерот го користела за лични цели.

– Џери Сеинфелд добил отказ во првата ТВ емисија поради, како што тврделе тогаш „мекиот настап“.

– Лејди Гага ја одбил издавачот бидејќи не бил подготвен да чека шест месеци за нејзиниот прв албум.

– Мадона ја изгубила работата во фаст фуд ресторанот „Dunkin Donuts“ бидеји истурила пијалок врз некој купувач.

– Моцарт бил отпуштен како музичар во Салцбург.

– Опра Винфри ја загубила својата работа како ТВ репортерка бидејќи продуцентот сметал дека не е доволно „фит“ за таа работа.

– Роберт Редфорд добил отказ како неквалификуван работник во „Standard Oil“ бидејќи случајно скршил шише и заспал на работа.

– Волт Дизни ја изгубил работата како карикатурист бидејќи му „недостасувала фантазија и добри идеи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП