30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Речиси пет милиони луѓе во Јужен Судан се гладни

ОН: Речиси пет милиони луѓе во Јужен Судан се гладни

он-гладни

Обединетите нации(ОН) во петок соопштија дека на речиси пет милиони луѓе во Јужен Судан им е потребна помош во храна.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство(ФАО) предупреди дека „ситуацијата наскоро би можела да стане катастрофална“, доколку не се обезбеди стабилност што ќе овозможи продолжување на земјоделското производство.

Резерви на храна во вредност од околу 30 милиони долари се украдени од магацините на агенцијата на ОН за време на судирите на владините и бунтовничките сили во јули, кога загинаа повеќе стотици луѓе.

По тие судири, цените на храната во Јужен Судан скокнаа за 778 отсто.

Јужен Судан, независна држава од 2011 година, го погоди бран насилства во 2013 година, кога се судрија силите лојални на претседателот салва Киру, кој е припадник на народите Динка и приврзаници на неговиот поранешен потпретседател Рик Машар, од народот Нуер.

Во судирите во Јужен Судан загинаа илјадници луѓе, а повеќе од 1,5 милиони ги напуштиле своите домови.

Мировен договор беше постигнат во август 2015 година, а во април е договорена и преодна коалициона влада. Мировниот договор што спротивставените страни го постигнаа минатата година е загрозен од постојани борби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП