3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија ќе се успори речиси двојно во 2017-та

Германската економија ќе се успори речиси двојно во 2017-та

gradeznici3535

Германскиот економски раст ќе достигне 1,9% во оваа година поради силното внатрешно побарување. Очекувањата се сепак најголемата европска економија да го забави растот за речиси двапати во средината на 2017-та година, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на германскиот Институт за економски истражувања „DIW“.

„Германскиот економски мотор најверојатно ќе започне да се бори“, предупредува Институтот, тврдејќи со веројатноста за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, тоа ќе ги ограничи можностите за раст на Германија во следните месеци.

„Одлуката за „Brexit“ најверојатно ќе стави кочница на германската надворешна трговија до средината на 2017-та година“, сметаат експертите од „DIW“.

Институтот ги ревидираше своите прогнози за растот на германската економија во оваа година – до 1,9% од претходните 1,7%, главно поради изненадувачки доброто претставување во првите шест месеци од годината.

Во исто време „DIW“ ја намалува прогнозата за растот во 2017-та година од 1,4% на 1% поради специфични фактори, како што се повеќето викенди догодина.

Минатата година германска економија порасна за 1,7% – највисоко ниво за четири години, благодарение на зголемувањето на приватна потрошувачка и повисоките државни трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП