3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСевернокорејската нуклеарна проба ги притисна цените на акциите на европските берзи

Севернокорејската нуклеарна проба ги притисна цените на акциите на европските берзи

berza ge3

Најважните индекси на европските берзи паднаа под притисок на вестите за нова нуклеарна проба во Северна Кореја, додека најмногу во загуба беа акциите на фармацевтскиот сектор.

Паневропскиот STOXX 600 индекс околу 9,30 часот беше во минус 0,4 отсто, продолжувајќи да се лизга откако во четвртокот ослабе под притисок на разочарувањата на некои инвеститори од фактот дека Европската централна банка не расправаше на своето редовно заседание за временската рамка за продолжување на постоечката програма за откуп на обврзници, вредна 80 милијарди евра месечно.

Франкфуртски DAX се спушти 0,72 отсто, на 10.675 бодови, а париски CAC за 0,34 отсто, на 4.542 бодови. Лондонски Ftse, пак, зајакна 0,18 отсто, на 6.858 бодови.

Најмногу, 0,7 отсто, падна цените на фармацевтските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП