28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследиците од руското ембарго за увозот на храна

Последиците од руското ембарго за увозот на храна

1023510292

Извозот на храна во нордиските земји од Европската унија и балтичките држави падна за меѓу 10 и 22 проценти поради руското ембарго на увозот на храна од овие земји.

Финскиот извоз на храна опадна за 24,5 проценти во текот на двете години од траењето на руската контра-санкција, а Норвешка во извозот на храна опаднала за 11,3 проценти.

Од балтичките земји најлошо пројде Литванија чиј извоз паднал за 20,7 проценти.

Извозот на Летонија поради руските санкции паднал за 11,3 проценти, а на Естонија за 12,2 проценти.

Повеќето земји кои потпаднаа под руското ембарго не успеаа да пронајдат алтернативен пазар и да ја надоместат штетата поради губитокот на рускиот пазар, пренесува Тас.

Русија го забрани увозот на храна од САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка во август 2014 година, како одговор на санкциите. Подоцна ембаргото е проширено и на Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн.

Москва го продолжи траењето на ембаргото до крајот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП