19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрно на бело: Судбината на Британија ќе се знае во ноември

Црно на бело: Судбината на Британија ќе се знае во ноември

velika-britanija-britanija

Британската влада во ноември ќе го претстави првиот извештај за буџетот откако оваа земја гласаше за излез од Европската унија.

Новиот министер за финансии Филип Хамонд точно пет месеци по референдумската одлука на Британија да отстапи од ЕУ ќе го претстави есенскиот извештај пред парламентот, соопшти британското Министерство за финансии, пренесува агенцијата Франс прес.

„Министерот за финансии Филип Хамонд објави дека на 23-ти ноември 2016 година ќе го претстави својот прв есенски извештај пред парламентот“ се наведува во соопштението на министерството.

Освен плановите кои се однесуваат на даноците и потрошувачката, буџетот ќе ги содржи и најновите прогнози на британската влада во поглед на економскиот раст на земјата.

Есенскиот извештај се доживува како мини-буџет кој доаѓа пред главниот буџет кој обично се претставува во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП