6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на најважните индекси на Волстрит

Пад на најважните индекси на Волстрит

berza 3222

Најважните индекси на Волстрит во четврток паднаа, најмногу под притисок на падот на цените на акциите на Apple, бидејќи последната верзија на iPhone не ги импресионираше инвеститорите, а нивниот пад ќе беше уште поголем да немаше закрепнување на цените на акциите во енергетиката.

Њујоршки Dow Jones индексот се спушти 46,23 бодови или 0,25 отсто,  на 18.479 бодови, S&P 500 за 0,22 отсто, на 2.181 бод, а технолошки Nasdaq за 0,46 отсто, на 5.259 бодови.

Така Nasdaq го прекина четиридневното качување, спуштајќи се од рекордно високото ниво и тоа најмногу заради падот на цените на акциите на Apple за 2,6 отсто, на 105,52 долари. Тоа е нејзиниот најголем дневен процентен пад од 24 јуни, кога одлуката за Brexit предизвика распродажба на акциите.

Дополнително Apple разочара и со најавата дека нема да ги објави податоците за продажбата на iPhone во првиот викенд, со што им го ограничи на аналитичарите брзиот увид во популарноста на уредот што оваа технолошка компанија го претстави во среда.

S&P 500 индексот на технолошки акции се спушти во четврток 0,9 отсто, со што технолошкиот сектор беше најголем губитник. Истовремено, енергетскиот сектор оствари во просек раст на цените на акциите за 1,7 отсто, мотивиран од растот на цената на нафтата.

Последните месеци цените на американските делници се движат во многу тесен дијапазон, додека инвеститорите се обидуваат да ги проценат шансите Фед да ги покачи каматите, како и да ја увидат кондицијата на американската економија.

На американските берзи обемот на тргувањето не беше засилен, вкупно сопствениците ги променија 6,8 милијарди долари, што е над 20 дневниот просек од шест милијарди.

На европските берзи најважните индекси ослабеа, откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги на прес конференција рече дека не е разгледувано продолжувањето на програмата за откуп на обврзници, вредна 80 милијарди евра месечно.

Франкфуртски DAX се спушти 0,72 отсто, на 10.675 бодови, а париски CAC за 0,34 отсто, на 4.542 бодови. Лондонски Ftse, пак, зајакна 0,18 отсто, на 6.858 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП