18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдрон ја затвори обиколницата кај Битола

Одрон ја затвори обиколницата кај Битола

odroni 3555

Сообраќајот на сите патишта во Републикава се одвива без забрани, по влажни коловози. Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП