6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСкокајте по нервите на вашиот шеф!

Скокајте по нервите на вашиот шеф!

shef3

ВАЖНО: Доколку вашата работа навистина ви значи и таа ви е единствениот извор на пари за егзистенција, не ги применувајте овие совети, постои голема веројатност дека ќе добиете отказ, а во спротивно доколку сметате дека вашиот шеф токму ова го заслужува тогаш зопочнете да скокате по неговите нерви!

Преку глава ви е од тероризмот на вашиот шеф? Секогаш тој е нешто незадоволен од вас, ве критикува, мрмори и очекува да сработите повеќе одошто е возможно? Наместо да се нервирате, пробајте да го прелажете шефот и да го излудите, пред тој да ве полуди вас. За да се случи тоа, потребно е да ги следите следниве 9 чекори, односно „антисовети“ за да имате поспокоен професионален живот.

1. Секогаш доцнете на работа

Потрудете се да доцните на работа барем трипати неделно. Секое доцнење измеѓу 15 минути и 2 часа е добро, сѐ додека се држите до златната средина – доцнење до времетраење од 1 час е идеално! Притоа ќе добиете неколку прекорувања, ама нема врска, зашто и онака првиот час од работното време не правите ништо корисно освен пиење утринско кафе и дремење на Фејсбук.

2. Прогласете се за болни барем по 1 ден секоја втора недела

Не сте вие виновни што лесно настинувате нели? Напорно работите секој ден, па сосема е нормално да ви паѓа имунитетот. Шефот сигурно ќе преживее и без вас, а би било стварно некоректно од ваша страна доколку се појавите на работа болни и ги заразите со болеста и останатите колеги. Ако трикот со настинката веќе го имате употребено во блиско минато, можете да кажете дека имате болки во стомакот, проблеми со алергијата, болка во грбот и кичмата или расипан заб.

3. Заборавете да завршите некоја задача

Ова е многу важно за развитокот на вашиот лош углед пред шефот. Заборавете да испратите важен имејл или да се јавите на некој голем клиент. Со тек на време, вашиот шеф ќе сфати дека му е полесно да ја додели вашата обврска на некој друг колега, наместо да смета на вас. Можеби ќе го загубите улгедот, ама битно целта сте ја постигнале – шефот нема веќе да ве тормози со досадни работи.

4. Џвакајте мастика на состанок

Состаноците се многу досадна работа, а џвакањето мастика е прилично квалитетен начин да им го воочите тоа на сите. Две или три мастики ќе ви бидат сосема доволни за да правите совршени балончиња. Немојте да водите забелешки и да ја гледате во очи личноста која мисли дека кажува некоја многу битна работа, бидејќи на тој начин некој би можел да помисли дека делувате заинтересирано.

5. Излезете порано од работа

Смачено ви е од работа? Верувајте не сте единствени! Ги завршивте сите зададени задачи и сте подготвиле сe за утрешниот работен ден, така што нема поента да поминувате повеќе време во канцеларија, нели?! Освен тоа и вашиот колега си замина денес порано од работа, па зошто вие да останете покуси?

6. Секогаш наоѓајте добри изговори

Нема смисла да забушавате во работата и притоа на лице место да смислувате глупаво оправдување зошто не сте ја завршиле зададената работна обврска на време. Затоа, морате да имате однапред смислен план. Најдобрата метода е да си ги запишете на лист сите добри изговори и да ги распоредите согласно деновите во седмицата. Потрудете се секоја ваша причина да поттикне длабоко разбирање од страна на вашиот шеф, бидејќи во спротивно би можеле да добиете отказ.

7. Бидете површни

Во имејлот што треба да го пратите сте направиле неколку граматички и правописни грешки, па што? Толку многу работа ве чека во текот на денов, нормално е некоја грешка да се искраде. Сте навеле погрешен датум? Па не е ни чудо, кога датумот секојдневно се менува!

8. Не се брзајте

Подобро некогаш отколку никогаш! Ни Рим не бил изграден за еден ден. Кој чека, тој и ќе дочека. Битен е квалитетот на сработеното, а не квантитетот итн…

9. Бидете канцелариска „тужи баба“

За да можете на шефот да му надокнадите што го толерира ваквото ваше однесување, најдобро би било да почнете да набљудувате што прават вашите колеги и штом забележите нешто, веднаш да го известите надредениот за тоа.

Некои од колегите сигурно си заминуваат 10 минути порано од работа (вашите предвремени заминувања секако нема да ги спомнувате). Други колеги пак, навистина немаат почитување кон работата и паузата од 30 минути самоволно ја продолжуваат на 45. Исто така, особено ве интересира моментот што еден ваш колега „симпатиша“ друга колешка. Љубовните врски на работа можат сериозно да влијаат на квалитетот на услугите кои ги нуди вашата фирма. Додека ги издавате туѓите мани кај шефот, немојте никого да запоставите – секој колега го заслужува вашето внимание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП