18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајавата на играта Super Mario за iPhone ги крена акциите на Nintendo

Најавата на играта Super Mario за iPhone ги крена акциите на Nintendo

супермарио

Цените на акциите на јапонската компанија Nintendo скокнаа во четвртокот за дури 18 отсто, по изненадувачката најава во текот на претставувањето на новите модели на паметните телефони iPhone на Apple дека наскоро ќе излезе новата популарна игра од франшизата Super Mario Bros за овие уреди.

Инвеститорите веруваат дека новата игра Super Mario Run ќе биде уште еден хит на оваа јапонска компанија, како со сега популарната игра Pokemon Go, додека компанијата Nintendo сé повеќе скршнува од својата стратегија насочена кон конзолите „за играње во движење“.

„Лансирањето на познатиот лик на Nintendo на глобалното претставување на iPhone е едно од најдобрите сценарија на коишто се надеваат вложувачите“, вели аналитичарот Томоаки Кавасаки од компанијата „Iwai Cosmo Securities“.

Од Nintendo, исто така, објавија дека новата игра ќе биде достапна на App Store на Apple од декември. Оваа компанија чие седиште е во Кјото, со пазарна капитализација од 40,5 милијарди долари, не објави кога најавената игра ќе биде достапна за Android уредите.

Цената на акцијата на Nintendo порасна во четвртокот на највисокото ниво од крајот на јули, зголемувајќи ја проценетата пазарна вредност на компанијата за уште 6 милијарди долари.

Авторот на играта Super Mario, Шигера Мијамото, ја демонстрираше играта во средата на претставувањето на новите iPhone-и. Портпаролот на Nintendo потврди дека Мијамото го водел развивањето на играта, во која играчите го водат Марио низ низа пречи, собирајќи по патот парички, На повисоките нивоа играчите може да се натпреваруваат со другите играчи и да создадат сопствено „кралство“.

Мијамото изјави дека Super Mario „еволуираше секогаш кога доаѓаше на нова платформа“. „Првпат во историјата играчите ќе можат да уживаат во комплетната игра Super Mario, играјќи само со една рака, што ќе им овозможи слобода во играњата во текот на возењето со подземна железници или, според мене омиленото јадење хамбургери“, рече креаторот на играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП