18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler ќе пушти 6 електрични модели до 2024-та година

Daimler ќе пушти 6 електрични модели до 2024-та година

dajmi33

Во периодот 2018-2024-та година концернот „Daimler“ ќе пушти на пазарот не помалку од 6 сериски модели кои се напојуваат со целосно електрични агрегати. Ова го пишува весникот „Automobilwoche“ кој се повикува на свој извор од редовите на производителот.

Германците планираат да се претворат во конкурент не само на „Tesla Motors“, туку и на „Audi“, кој исто така подготвува цела палета нови еко-модели. Според информацијата на весникот во „Daimler“ ќе се посветат главно на кросовери и теренци, но освен нив ќе бидат предложени исто така и електрични седани и компактни автомобили.

Веќе е познато дека брендот „Mercedes-Benz“, кој влегува во составот на „Daimler“, подготвува претставување на посебен бренд – „MEQ“ под кој ќе бидат понудени само електрични модели. Нејзиното раководство има патентирано голем број индекси, кои ќе бидат употребени за идните модели. Меѓу нив се „EQA“, „EQB“, „EQS“ и „EQX“.

Првиот електричен прототип ќе дебитира пред публиката на крајот на септември на саемот во Париз, но сериското производство ќе стартува дури во 2018-та или 2019-та година. Во прво време „Mercedes“ ќе предложи седан и теренец, кои ќе се натпреваруваат со „Tesla Model S“ и „Tesla Model X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП