7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска е светски лидер по раст на цените на куќите, според ММФ

Шведска е светски лидер по раст на цените на куќите, според ММФ

stockholm-sweden-696x444

Шведска е државата во светот со највисок раст на цените на куќите во вториот квартал, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитирани од онлајн изданието „TheMoveChannel.com“.

На годишна основа, растот на цените на куќите во скандинавската земја достигнува 14%. На второ место е Нов Зеланд со 11%, каде веќе дејствуваат и ограничувања за кредитирање со хипотека, кои ги обесхрабруваат инвеститорите во недвижнини и тоа доведе до пресврт во цените.

Третата позиција е за Литванија, а топ 10 се дополнува со Унгарија, Малта, Израел, Катар, Колумбија, Турција и Велика Британија.

На дното на листата е Украина со годишен пад на цените на недвижностите од над 25%. Втора е Русија со пад од 15%, следена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во групата на земјите со умерен раст на цените во вториот квартал – до 5 отсто на годишна основа спаѓаат Шпанија, Чешка, Португалија, Мексико, Холандија, Индија, Германија и други земји.

Што се однесува до растот на кредитирањето, лидер на глобално ниво е Мексико со над 15% на годишна основа, следен од Естонија, Филипините и Кина. Топ 10 се дополнува со Словачка, Колумбија, Шведска, САД, Австралија и Норвешка.

Најсилен пад на станбеното кредитирање е забележан во Украина, следуваат Ирска, Словенија, Хонгконг и Бразил.

Во однос на пристапноста на становите, која се пресметува како сооднос помеѓу нивната вредност и годишните приходи на купувачите, најнедостапен пазар во светот е Нов Зеланд. Соодносот меѓу цената на имотите и приходите изнесува 130%. Следат Австрија и Шведска, а топ 10 се дополнува со Германија, Велика Британија, Луксембург, Швајцарија, Канада и Естонија.

На дното на оваа листа се Шпанија, Полска и Холандија.

ММФ одамна предупредува за дисбалансите на станбениот пазар во Шведска, кои се охрабруваат поради монетарната политика на централната банка. Властите во земјата воведоа некои ограничувања пред купувачите на станови кои се поврзани со односот на цената на становите и приходите, како и со темпото на отплата на долговите на домаќинствата. Мерките сепак изгледа не работат добро, бидејќи силниот раст на пазарот продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП