10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines купи 117 авиони

Turkish Airlines купи 117 авиони

turkish2

Турскиот национален авиопревозник „Turkish Airlines“ потпиша договор за купување на 117 авиони од европскиот производител на авиони Ербас.

„Денес го потпишавме најголемиот договор во историјата на „Turkish Airlines“, изјави директорот на авиокомпанијата Хамди Топку, за време на церемонијата за потпишување на договорот во Истанбул, пренесува агенцијата АФП.

Нарачката се однесува на авионите на Ербас од типот А320 за средната линија, а овие 117 авиони би требало да бидат испорачани до 2020 година.

„Turkish Airlines“ во моментов има флота од 215 авиони, од кои 107 беа купени од Ербас, а остатокот од американскиот производител на авиони Боинг.

Во изминатите неколку месеци, компанијата исто така нарача 20 авиони од Ербас од типот А330-300, со што вкупната нарачка на оваа компанија се зголеми на 137 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП