7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците без милост: Лондон е на потег

Германците без милост: Лондон е на потег

гер-бри

Германската влада повтори дека нема да постојат никакви преговори за трговија со Велика Бртанија пред таа земја да го покрене процесот да отстапување од Европската унија.

Како што додаваат, властите во Лондон не можат да преговараат со другите земји додека не излезат од Унијата.

„Ситуацијата е јасна. Земја членка на ЕУ не може да преговара за билатералните трговски односи со некоја друга земја надвор од ЕУ, додека сеуште е членка на Унијата“, изјави портпаролот на германската владата Штефан Зајберт.

Германската влада алудираше на билатералните состаноци кои ги имаше британската премиерка Тереза Меј во текот на неодамнешниот самит на Г20 – светски најголемите економски сили во Кина.

Тереза Меј во текот на тие состаноци изјави дека се можни бројни трговски договори со Велика Британија кога таа ќе излезе од ЕУ, меѓу кои интерес покажаа и Австралија, Индија и Јужна Кореја.

Велика Британија сеуште не ја покрена процедурата за излегување од ЕУ, по референдумот на 23 јуни на кој Британците се изјаснија за заминување од Унијата.

Британската премиерка изјави во неколку наврати дека нема да покрене процедура за излез пред крајот на оваа година, односно да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со кој земјите членки на ЕУ ја започнуваат процедурата за отстапување од неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП