6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабиот долар ја поткрена цената на нафтата кон 48 долари

Слабиот долар ја поткрена цената на нафтата кон 48 долари

rusija-nafta-28

Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари близу 48 долари за барел, поткрепени од послабиот долар, а по изразениот раст го сопреа сомневањата дека произведувачите во кус рок ќе постигнат договор за замрзнување на нивото на производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 50 центи во однос на претходно затворање изнесуваше 47,76 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 40 центи повисока цена од вторникот, од 45,23 долари.

Организацијата на земјите производители на нафта (OPEC) објави дека цената на референтната цена барел од кошницата нејзина нафта во вторникот изнесувала 42,78 долари, што значи дека паднала за 79 центи во однос на тргувањето во понеделникот.

Цените на нафтата скокнаа на почетокот од седмицата откако Русија и Саудиска Арабија договорија соработка за стабилизација на пазарот на нафтата. Потоа нафтените пазари повторно ги стопираше неизвесноста во поглед на договорот меѓу големите производители за зауздување на производството, особено имајќи го предвид неуспешниот случен обид во Доха во април.

OPEC и произведувачите од овој картел, како што е Русија, неофицијално во Алжир од 26-ти до 28-ми септември на маргините од Меѓународниот енергетски форум ќе расправаат за мерките за поддршка на пазарот. Иран, кој се враќа на пазарите по речиси деценија, соопшти дека ќе соработува доколку другите извозници му го признаат правото на враќање на пазарниот удел на ниво пред периодот од воведувањето на санкциите.

Аналитичарите предупредуваат дека иранскиот ангажман ќе биде клучната пречка за одлуката на OPEC и додаваат дека не е веројатно дела евентуалниот одржлив договор ќе влијае на состојбата на физичкиот пазар на нафтата.

Во средата нафтените пазари беа поткрепени од слабиот долар, поради посилната куповна моќ на поседувачите на другите валути, а со тоа и поголемата побарувачка на нафта. Дополнителна поддршка даде и податокот на Genscape за падот на резервите во американскиот нафтен јазол Кушинг за 700.000 барели.

Вниманието сега се свртува кон извештаите за резервите во САД во изминатата седмица, кои ќе бидат објавени со ден задоцнување поради празниците на почетокот од седмицата. Така, Американскиот институт за нафта (API) ќе ги објави податоците во средата подоцна, а владата во четврток. Се очекува дека податоците на API ќе покажат пад на комерцијалните резерви за 100.000 барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП