2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот падна во однос на јенот, скорешното зголемување на каматите во САД...

Доларот падна во однос на јенот, скорешното зголемување на каматите во САД малку веројатно

dolarkk

Американскиот долар во средата на меѓународните валутни пазари се лизна на најниското ново во една седмица во однос на јапонскиот јен, бидејќи слабите најнови американски економски показатели дополнително ја намалија можноста американската централна банка Federal Reserve (Fed) да ги подигне клучните каматни стапки уште во септември.

Доларот во таквата атмосфера на пазарите ослебе за о,5 отсто во однос на јенот, на 101,45 јени, Во еден момент изнесуваше само 101,20 јени, што е најниското ниво од 26-ти август, кога челничката на Fed, Џенет Јелен со оптимистичките изјави за економијата во САД ги подгреа надежите дека каматните стапки би можеле наскоро да бидат зголемени. Од тогаш американската валута тешко успева да биде во позначителна добивка и во вторникот во однос на јенот потона за повеќе од еден процент.

„Од состанокот во Џексон Хол, шансите каматните стапки во САД да бидат подигнати во септември паднаа од 42 на 24 отсто, а приносите на двегодишните обврзници паднаа за околу 0,1 процeнтен поен. Недвосмислено тоа е предизвикувачка атмосфера за доларот“, вели Пeтр Kaрпата, валутен аналитичар во банката ING.

И еврото во средата беше под притисок, лизнувајќи се за 0,12 отсто во однос на доларот, на 1,1240 долари, а по објавувањето на податоците од Германија за неочекуваниот пад на индустриското производство во јули, што е најизразено во последните 23 месеци. Овие податоци се нов сигнал дека најголемата европска економија би можела да започне да забавува.

Британската фунта, пак, во средата ослебе во однос на доларот за речиси 0,5 отсто, на 1,3374 долари.

Во Европа фокусот ќе биде насочен на изјавите на британската централна банка Bank of England (BoE), Марк Карнеј, пред парламентарната комисија, а кои на вложувачите треба да им дадат нови насоки во врска со кондицијата на економијата и евентуалните нови потези во монетарната политика. Фунтата претходно ги достигна највисоките нивоа во последните седум седмици во однос на доларот под влијанието на силните економски показатели кои ги ублажија стравовите од рецесија, па макар и во краткорочен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП