4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од извозот на гас од Русија се намалуваат за 32%

Приходите од извозот на гас од Русија се намалуваат за 32%

gas 335

Во периодот јануари – јули приходите од извозот на природен гас од Русија намалуваат за 32,2%, објави „РИА Новости“, повикувајќи се на податоците на царинската служба во земјата.

За првите седум месеци од годината приходите од продажба на гас во странство се во износ од нешто над 17 милијарди долари. Во исто време количините растат – за 5,3% до 109,2 милијарди кубни метри.

Кон Европа, растот на извозот на гас е во рамките на речиси 12% до 90,2 милијарди кубни метри.

Во 2015-та година Русија извезе вкупно 185,5 милијарди кубни метри природен гас за сума од 41,8 милијарди долари.

Од почетокот на оваа година цената на гасот се намалува постојано, а причината се случувањата на нафтените пазари. Цената на рускиот гас е обврзана со вредноста на алтернативните енергенси – нафтените производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП