15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузејот на македонската борба одбележа пет години работа

Музејот на македонската борба одбележа пет години работа

borba muzej2

Во Музејот на македонската борба, денеска пред голем број присутни гости, беа одбележани пет години од работата на институцијата.

Свеченоста по повод јубилејот ја отвори интерпретацијата на химната на Република Македонија на градскиот мешан хор „Вардар“ под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска. За работата во изминативе пет години, свое обраќање имаше директорот на институцијата д-р Бранислав Светозаревиќ. Тој се осврна на најзначајните моменти од изминативе пет години, вклучувајќи 200.000 посетители, повеќе од 600 организирани комерцијални и културни настани, богатата меѓународна соработка, проектите и пристапноста и вклучувањето на сите граѓани во музејските содржини.

„Ова е содржано во нашето ново издание, брошурата Пет години – Музеј на македонската борба, но и многу други детали кои читателот ќе ги прочита на 32 страници. Изданието содржи 64 фотографии кои прикажуваат дел од нашите активности“, рече истакна Светозаревиќ.

По повод јубилејот, во фоајето на музејот, покрај влезот на поставката, поставена е табла, на која што на македонски и англиски јазик се запишани сите оние кои учествуваа во создавањето на овој музеј.

Директорот се осврна и на активностите кои музејот ги планира за крајот на оваа година.
„Музејот ќе организира настани по повод 90 години од смртта на Теодосиј Гологанов, 110 години од раѓањето на Михајло Апостолски (08 ноември), 110 години од смртта на Даме Груев 23 декември), одбележување на 25 годишнината од деновите на европското културно наследство со изложбата Европа во Македонија од 23 до 27 септември, Изложбата Македонија и меѓународната заедница, по повод 25 годишнината од неависноста на Македонија на 23 октомври и други“.

Директорот Светозаревиќ ја најави новата редизејнирана веб страница на Музејот www.mmb.org.mk, која ќе биде во функција од следната недела.

„Изработена е во респонсив дизајн кој ја прави лесно пристапна до сите видови уреди – мобилни, таблети и компјутери. Страницата е двојазична – македонски/англиски, со можност за додавање и други јазици во иднина во зависност од потребите. Освен променетиот дизајн, страницата е збогатена и во содржинска смисла со детален преглед на генералните информации за музејот; историјатот; музејската поставка со детален опис на 13 одделенија; список на восочните фигури; список на авторите, ликовните уметници и уметнички дела и сите информации поврзани со работата на музејот“, рече Светозаревиќ.

За октомври најавен е нов проект од кој се очекува голем интерес меѓу младите и учениците.

„Во соработка со Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ, ќе го понудиме на училиштата проектот ВИКИКЛУБ, со што на професионален начин ќе се врши обука, пишување на текстови и други корисни техники за креирање содржини во ВИКИПЕДИЈА на македонски јазик. Со надзор на професионално лице од здружението ГЛАМ и историчарите од ,,Музејот на македонската борба’’, ќе постигнеме два мошне важни ефекти. Првиот, е како да се претставуваме правилно на ВИКИПЕДИЈА како народ, како држава, како култура и како поединци, и вториот ефект запознавање на мошне модерен начин со историјата на Македонија, онаква каква што ја осознава нашата историска наука“, рече Светозаревиќ.

На свеченоста беше доделена и награда за најдобар музејски работник, која беше доделена на Маја Алексовска.

Присутните имаа можност да ја проследат ексклузивната изведба на македонските изворни песни кои секој петок се дел од постојаната музејска поставка, во интерпретација на долгогодишните соработници на музејот – учениците од Музичко балетскиот училишен центар Илија Николовски Луј.

Јубилејот беше збогатен и со ретроспективна изложба на детски творби од проектот Музејот – пријател на децата која беше поставена во музејскиот хол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП