5 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 5008 веќе е SUV (фото+видео)

Peugeot 5008 веќе е SUV (фото+видео)

5008 00

7 години по премиерата на „Peugeot 5008“, моделот не доби само нова генерација. Тој беше преобразен во „SUV“ со 7 места, а ќе има официјална премиера кон крајот на овој месец, за време на автосаемот во Париз.

5008 01

Иако изгледа како типичен претставник на теренец од сегментот „C“, новиот „Peugeot 5008“ успеал да ги задржи сите предности на „миниван“ возилата. Тој е изграден на новата шасија „EMP2“ што ја познаваме од голем број на модели на марката, вклучувајќи го и „3008“. Моделот располага со 7 места, а секое од седиштата може да се свитка, премести и отстрани.

5008 07

Лесната и здрава платформа им дозволила на инженерите да го зголемат внатрешните простор, правејќи го еден од најпознатите во сегментот. Надворешните димензии исто така се зголемени во споредба со стариот „5008“ – за 16,5 см во должина и 11 см во ширина. Багажниот простор пак нуди навистина импресивен волумен од 1065 литри. Дури и при користење на седумте седишта во кабината, волуменот останува импресивен – 640 литри.

5008 03

Што се однесува до дизајнот, тој е многу сличен со оној на кросоверот „3008“. Ова важи во најголем степен за ентериерот – „i-Cockpit“ кој е буквално прекопиран. Всушност ние не успеавме да откриеме ниту една разлика помеѓу кабините на „3008“ и „5008“.

5008 04

Предложените мотори за за моделот се вкупно 6 – два бензински и 4 дизели. Бензинските се 1,2 литарски турбо со 130 КС и 1,6 литарски турбо со 165 КС. Дизелите се 1,6-литарски со 100 или 120 КС и 2,0 литарски со 150 или 180 КС.

5008 05

Новиот „5008“ нема можност за поставување на систем 4х4. Исто како својот претходник моделот се обложува на системот за оптимизирање на лепењето со патот – „Advanced Grip Control“. Тој има 5 режими на работа – Стандарден, Снег, Теренски (кал/мокра трева), „SanDisk“ и „ESP off“, кои би требало да бидат доволни за потребите на возачите кои ретко ги напуштаат асфалтираните патишта.

5008 06

Официјалната премиера на новиот „Peugeot 5008“ ќе се одржи во Париз подоцна во овој месец. Според информациите, продажбата ќе започне во пролетта 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП