6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев губи заради трговската војна со Москва

Киев губи заради трговската војна со Москва

101981109757ceee5c192d6818874099_w640

Затворањето на рускиот пазар за украинските компании и нанесе на Украина загуба од најмалку 15 милијарди долари, соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко.

„Агресивното затворање на рускиот пазар беше економски шок за Украина. Загубивме над десетици или дури стотици илјади работни места, а оваа економска агресија е клучна причина за падот на животниот стандард“, рече Порошенко во годишното обраќање во украинскиот парламент.

Тој додаде дека практично една третина од украинскиот извоз отпаѓа на рускиот пазар, но во моментот тој процент е во пад.

„Уделот на Русија во украинскиот извоз во моментот изнесува девет отсто и опаѓа“, рече Порошенко.

Москва и Киев тргуваа во согласност со договорот за слободна трговија склучен меѓу Заедницата на независни држави пред стапувањето на сила на договорот за зона на слободна трговија меѓу ЕУ и Украина во јануари оваа година.

Потоа, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој од почетокот на оваа година е суспендиран договорот за слободна трговија со Украина.

Официјален Кремљ забрани увоз на храна од Украина како одговор на придружувањето на Киев на антируските санкции.

Како контра мерка, Украина на 10 јануари оваа година забрани увоз на прехранбени производи од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП