13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДА и НЕ во мејл комуникацијата

ДА и НЕ во мејл комуникацијата

mail-640x330

Кога станува збор за деловната комуникација потребно е да ги следите следниве јасни правила:

1. Секогаш треба да избегнувате испраќање на деловни мејлови преку forward ланецот. Секогаш кога е можно обратете и се на личноста директно.

2. Во мејлот никогаш не треба да го напишете она за што се смета дека не треба да биде „видено“. Таквата информација треба да му се каже на соговорникот директно во лице.

3. Пораката никогаш не треба да ја напишете со големи букви – тоа се доживува како мејл „дерење“.

4. Никогаш не треба рутински да додавате адреси во CC. Тоа се прави исклучиво по потреба.

5. Местото subject секогаш треба да биде пополнето. Примачот на мејл пораката веднаш треба да види во врска со што ќе чита понатака.

6. На крајот на мејлот секогаш треба да стои име и презиме, титулата, позицијата во компанија, со задолжителни честитки за убав ден, заблагодарување, со почитување и сл.

7. Пред испраќањето на мејлот, треба да го прочитате и да се ослободите од сите печатни и граматички грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП