1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 14 отсто од Французите живеат под прагот на сиромаштија

Повеќе од 14 отсто од Французите живеат под прагот на сиромаштија

франција-сиромасни

Близу девет милиони Французи живеат под прагот на сиромаштија, според податоците објавени во вторникот.

Прагот на сиромаштија во Франција, што е еднаков на 60 отсто од просечните примања, е поставен на 1.008 евра месечно.

Националната агенција за статистика во вторникот објави дека 8.8 милиони луѓе живеат со помалку од тие пари.

Тоа значи дека 14,1 отсто од популацијата живее под поставениот праг на сиромаштија.
Бројките се собирани од 2014 година, и покажува пораст на сиромаштијата за 0,1 отсто, во однос на претходната година.

Авторите на студијата забележаа дека малото зголемивање е незначајно од статистичка гледна точка.

Најпогодени од сиромаштијата во Франција се невработени луѓе и самохрани родители, од кои 36 отсто се невработените, а 37 самохрани родители.

Околу 8 отсто се пензионери кои живеат под прагот на сиромаштија.

Според извештајот, половина од Французите имаат годишни приходи помалку од 20.150 евра, или месечно 1.679 евра. Најсиромашните 10 отсто живеат со помалку од 10.770 годишно.

Најбогатите 10 отсто живеат со повеќе од 37.000 евра годишно, што е повеќе за 3,5 пати од најсиромашните 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП