3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија бележи 25 години непрекинат економски раст

Австралија бележи 25 години непрекинат економски раст

Money (1)

Австралиската економија порасна за 0,5 проценти во кварталот завршен во јуни, благодарение на подемот на државната потрошувачка која го компензираше падот на нето извозот, со што оваа земја бележи 25 години непрекинат економски раст.

Податоците на австралискиот завод за статистика покажаа дека во вториот квартал годишниот економски раст изнесувал 3,3 проценти, што е во согласност со очекувањата, бидејќи економијата напредува во својот пресврт од потпирањето на досегашниот раст заснован на невидениот бум од инвестиции во ресурсите, пренесува агенцијата Франс прес.

„Тоа е официјално, Австралија сега оствари 25 години непрекинат економски раст. Но, ова не е време за самозадоволство. Продолжуваме да се бориме за секој милиметар раст во оваа светска економија со многу побарувања“, изјави австралискиот министер за финансии Скот Морисон.

Економскиот раст од 1,1 проценти во кварталот јануари-март бил поттикнат со нето извозот и потрошувачката на домаќинствата, но извозот – кој претставува главен мотор на растот – закочи во кварталот од април до јуни.

Падот на извозот во овие три месеци му одзема на бруто домашниот производ 0,2 проценти, но тоа го надокнади поголемата од очекуваната владина потрошувачка, при што јавните инвестиции забележаа скок од 15,5 проценти во однос на првиот квартал.

Австралискиот долар, кој порасна во пресрет на објавата на овие податоци, благо падна по соопштението на министерството на 76,58 американски центи, но набрзо закрепна.

Централната банка на Австралија вчера ја задржа каматната стапка на рекордно ниските 1,5 проценти, по две намалувања во последните четири месеци во обид да ја поттикне забавената инфлација, бидејќи економијата се наоѓа во процес на транзиција на растот кој нема повеќе да се потпира на инвестициите во производството на сировини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП