7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен бизнис форум во Скопје

Меѓународен бизнис форум во Скопје

Flag-Pins-Israel-Macedonia

„БАЛКАНОТ – Алтернативен пат од Израел до Европа” е носечката тема за која ќе се дискутира на годинешниот втор Меѓународен бизнис форум 2013 во организација на Mакедонско-израелскиот бизнис клуб.

На форумот пријавени се 90 компании од Израел, Шведска, Швајцарија, Холандија, Русија, Турција, Македонија, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија и Косово. Застапени се фирми од информатичко-комуникациската технологија, земјоделство и преработувачка индустрија, обновлива и алтернативна енергија, медицина и фармација.

Во официјалниот дел, оснoвачот и претседател на светски познатата корпорација и производител на фотоволтаични панели “Милениум електрик”,  Ами Елазари, ќе ја изложи замислата како земјите од обединет Балкан може да претставуваат потенцијална можност за еден заеднички сериозен странски пазар.

Елазари е иноватор и соработник на НАСА.

На форумот ќе присуствува и претседателот на Интернационалната федерација на бинационалните комори на Израел Феликс Кипер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП