28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтагнација на европските берзи

Стагнација на европските берзи

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На европските берзи во среда наутро најважните индекси стагнираа со негативни предзнаци, по објавата на податоците за неочекуван пад на германското индустриско производство.

Паневропскиот STOXX 600 индекс околу 9,30 часот беше без промени во однос на вчерашното затворање, на 349,42 бода и се движел близу до највисокото ниво во последните осум месеци што го допре во понеделникот.

Истовремено, лондонски Ftse беше во минус 0,09 отсто, париски CAC за 0,12 отсто, а франкфуртски DAX за 0,24 отсто.

Слабото расположение на европските берзи го предизвика податокот за неочекуван пад на германското индустриско производство во јули за 1,5 отсто, што е највисока стапка на пад во последните 23 месеца. Економистите очекуваа нејзин раст за 0,2 отсто.

Значително паднаа цените на акциите на воздухопловните компании Lufthansa, Air France-KLM-a и Easyjet, откако Deutsche bank го намали рејтингот на нивните акции.

На Токиската берза Nikkei индексот се спушти во среда 0,4 отсто, на 17.012 бодови, под влијание на остриот пад на курсот на доларот во однос на јенот по намалените очекувања дека Фед во септември ќе ги подигне каматните стапки во САД. Јакнењето на курсот на јенот ги нарушува деловните резултати на извозните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП