19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија годинава со најголем светски вишок во тековниот буџет

Германија годинава со најголем светски вишок во тековниот буџет

ger 9888

Благодарејќи на големиот извоз, вишокот во тековниот буџет на платниот биланс на Германија веројатно во 2016 година ќе достигне нов рекорд од 310 милијарди долари и ќе го претекне оној на Кина и повторно ќе стане најголем во светот, процени економскиот институт Ifo.

„Германскиот вишок на тековната сметка се темели на размената со странство“, вели Кристијан Гриме, економист на Ifo, при тоа додавајќи дека извозот го надминал увозот во првата половина на годината за 159 милијарди долари, во главно заради големата побарувачка од другите европски земји.

Институтот со седиште во Минхен објави дека германскиот суфицит ќе биде еквивалентен на износот од околу 8,9 отсто од бруто домашниот производ, што значи дека повторно ќе ја пробие препорачаната горна граница на Европската комисија(ЕК) од шест отсто.

Брисел и Вашингтон го повикаа Берлин да ја зголеми домашната побарувачка и увозот за да се намалат глобалните економски нееднаквости и да се поттикне глобалниот раст, вклучително и во еврозоната.

Берлин ги отфрли овие критики, тврдејќи дека веќе ја зголемил домашната побарувачка со воведувањето на национална минимална плата во 2015 и договорот за големо зголемување на пензиските права  во 2016. Покрај тоа, владата ја зголеми државната потрошувачка на патиштата, дигиталната инфраструктура, придржувајќи се до својата цел за воведување на избалансиран буџет.

Кинескиот вишок на тековниот буџет веројатно оваа година ќе се намали за 70 милијарди долари, на околу 260 милијарди долари заради слабиот извоз, наведуваат од Ifo. Јапонија ќе биде на третото место со вишок од 170 милијарди долари во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП