27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинезите не се откажуваат од Syngenta, ќе чекаат до ноември

Кинезите не се откажуваат од Syngenta, ќе чекаат до ноември

27385547257cfb735af397507899455_w640

Кинеската државна компанија „China National Chemical Corp.“ го продолжи важењето на својата понуда за преземање на швајцарскиот производител на пестициди „Syngenta“ до ноември.

Понудата „тешка“ 43 милијарди долари сега е отворена до 8-ми ноември, се наведува во соопштението на кинеската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што потсетува француската агенција, понудата за преземање на сите акции на „Syngenta“, претставена прв пат во февруари, истекува на 13ти септември.

Американскиот национален регулатор за безбедност минтиот месец го одобри ова спојување, откако двете компании соопштија дека се потребни уште низа одобрувања од антимонополските регулатори ширум светот со цел да се реализира оваа аквизиција.

Швајцарската „Syngenta“ три пати минатата година ја одбиваше понудата за преземање на ривалскиот „Monsanto“ за конечно да ја прифати понудата на кинеската компанија.

„Syngenta“ со седиште во Базел им препорача во февруари на акционерите да ја прифатат готовинската понуда на „ChemChina“.

Како што извести Франс прес, менаџментот на „Syngenta“ оцени дека „предложената трансакција ги уважува интересите на сите акционери“ и дека ова „ќе овозможи понатамошна експанзија на присутноста на компанијата на пазарите во развој, особено во Кина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП