25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во Европа страдаат од јапонскиот синдром

Банките во Европа страдаат од јапонскиот синдром

euro-bank

Европските банки веќе имаат повеќе заедничко со не толку профитабилните јапонски конкуренти, отколку со титаните од „Wall Street“, посочува „JPMorgan“ во свој анализа.

Според банката, многу малку е веројатно оваа ситуација да се промени во блиска иднина.

Во последните години европските банки заостануваат зад американските конкуренти, откако инвеститорите го оценија позитивно брзото преструктуирање на гигантите од „Wall Street“ по финансиската криза и добрата состојба на американската економија во споредба со европската.

Истражувачкиот тим на „JPMorgan“ за европските банки тврди дека разликата во перформансите ги доближува европските финансиски институции во групата во која се јапонските банки. Тие продолжуваат да се борат по финансиската криза од 90-тите години на минатиот век и продорот на „имотниот балон“, кој предизвика невидени загуби во износ од 700 милијарди долари.

Дваесет години подоцна, и покрај напорите на политичарите за промовирање на системот, јапонските банки колективно тргуваат малку повеќе од осум пати од нивните проценети приходи за 2017-та година и околу 0,5 пати од нивната книговодствената вредност. Истовремено европските банки тргуваат околу 10 пати повеќе од приходите и околу 0,8% од нивната книговодствената вредност.

Кај американските банки показателите се соодветно 11 пати од приходите и двојно повеќе во однос на книговодствената вредност.

Аналитичарите на „JPMorgan“ посочуваат дека квантитативните олеснувања на централните банки се подеднакво неефикасни во Европа и Јапонија. Доверителите и во двата региони не успеваат да ги користат парите за да го прошират кредитирањето.

Монетарната политика покажува и притисок врз приходите на европските банки слично на ситуацијата во Јапонија.

Во исто време „JPMorgan“ прогнозира дека негативните каматни стапки ќе се задржат во подолг рок, барем во следните пет години, додава „CNBC“.

Во анализата се наведува дека маргините на профитот поради негативните камати не се единствените проблеми на банките во Европа. Главен фактор кој врши притисок врз билансот, продолжуваат да се нефункционалните кредити, од кои половината се концентрирани во Јужна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП