2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените на акциите на Волстрит

Раст на цените на акциите на Волстрит

Wall-Street1

Цените на акциите на Волстрит во вторник пораснаа, при што технолошки Nasdaq го достигна рекордното ниво, бидејќи најновите економски показатели ја зајакнаа позицијата на инвеститорите дека Фед нема да се одлучи да ги подига каматните стапки во краток рок.

Њујоршкиот индекс Dow Jones зајакна 46,16 бодови или 0,23 отсто, на 18.538 бодови, а S&P 500 индексот за 0,3 отсто на 2.186 бодови.

Технолошки Nasdaq порасна 0,5 отсто на 5.275 бодови, ново рекордно ниво.

Индексот на услужните активности во САД за август, ISM, ги зајакна мислењата дека Фед овој месец ќе се воздржи од подигање на каматите.

Овој индекс се спушти од јулските 55,5 на 51,4 бодови, најниското ниво од февруари 2010 година и значително под проценката на економистите од 55 бодови.

„Фед од податоците нема поддршка за подигање на каматните стапки, па пазарот благо порасна. Акциите би требало да ја уживаат поддршката од и натаму присутното опкружување со ниски каматни стапки, а Фед би требало да се држи по страна сѐ додека економските показатели не покажуваат значително забавување“, смета Бакли Хелвиг, еден од челниците на инвестициската компанија BB&T Wealth Management.

S&P индексот на финансиските акции, кој расте кога јакнат очекувањата за подигање на каматните стапки, се лизна 0,2 отсто, додека S&P индексот на комуналните компании, кои вообичаено остваруваат полза од опкружувањето со ниски каматни стапки, порасна 1,1 отсто.

И покрај падот на цената на нафтата, S&P 500 индексот на енергетските акции зајакна 1,5 отсто, потпомогнат од вестите дека компанијата Enbridge ќе ја преземе Spectra Energy за околу 28 милијарди долари. Акциите на Spektra поскапеа 13,4 отсто на 41 долар.

Најголем добитник беше акцијата на Cepheis, чија цена скокна 52,6 отсто, на 52,53 долари по објавата дека оваа дијагностичка компанија се согласила на понудата за преземање на Danaher за четири милијарди долари.

Околу 6,6 милијарди акции во вторник на американските берзи го променија сопственикот, што е над 20 дневниот просек од шест милијарди.

На европските берзи цените на акциите се спуштија во вторник од најниските нивоа во последната година. Лондонски Ftse индексот потона 0,78 отсто, на 6.826 бодови, а париски CAC за 0,24 отсто, наa 4.529 бодови. Франкфуртска DAX благо зајакна за 0,14 отсто, на 10.687 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП