19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

сообракај-врне

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП