15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли објавен и на арапски јазик

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли објавен и на арапски јазик

османли

По повеќекратните објави, меѓу кои најновата на руски јазик, како и интернационалното издание на романот на англиски јазик на минатогодишниот меѓународен Саем на книгата во Солун, деновиве се појави и арапската објава на наградениот роман на Томислав Османли.

Угледното книгоиздателството „Ал Араби“ од Каиро, претставувано од неговиот директор Шериф Бакр, на арапски јазик деновиве го објави „Дваесет и првиот“, наградениот роман на Томислав Османли. Според договорот постигнат со авторот, романот во првичен тираж од 1.000 примероци, се појавува порано од предвидениот краен рок (средината на 2017 година).

Покрај печатеното издание, македонскиотавтор на египетскиот издавач му овозможи публикување на романот „Дваесет и првиот“ и во вид на електронска книга. Издавачката куќа „Ал Араби“ ќе се погрижи дистрибуцијата на арапскиот превод на македонскиот роман на најширокиот, светски книжевен простор.

По предлог од издавачот, Османли напиша и предговор за арапските читатели на неговиот роман. Во предговорот тој се осврнува на 21-от, како век на доминирачкото зло.

„Ако е така, што се случи со самата човечка Добрина? … Како таа се источи, и каде таа вредност – основа на сите култури и идентитети – исчезна во текот на кратото траење на новиов век? Од каде дојде тоа Зло? Каде, добога, на земјава можеме да бараме сигурно место без омраза, без војни, без очај и без насилие? …“, – пишува Османли во преговорот кон арапското издание на својот роман.

Авторот истакнува дека неговата книга е прилог кон потрагата по изгубената Добрина, вредноста која се смета за темелна во сите култури, а која денес сосем недостасува. Османли ја истакнува почестеноста од преводот на јазик на кој комуницираат милиони едновремено и јазика на една стара култура и исклучително богата литература.

Инаку, романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли (издание на „Блесок“, Скопје) , кој неодамна се појави во превод и на руски јазик, е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2010. година, како и македонски кандидат за „Балканика“ истата година и е еден од лауреатите на националната награда со најширока меѓународна рецепција. Романот кој во Македонија доживеа две изданија („Блесок“ 2009 и 2010), беше преведен и објавен најнапред во Хрватска (издание на „Сандорф“ од Загреб, 2012), потоа во Црна Гора (ОКФ, Цетиње, 2014), во Србија (книгоиздателство „Дерета“, Белград, 2014). Минатата година беше објавен и на руски јазик („Рудомино“, Москава, 2015).

За меѓународниот 12-ти Саем на книгата во Солун кој се одржа во првата половина на мај минатата годинава, романот „Дваесет и првиот“ доживеа и интернационално издание на англиски јазик кое го уприличи нашето книгоиздателство „Магор“.

Авторот Томислав Османли веќе има потпишан договор со книгоиздателството „Персеи“ од Софија, за превод и објавување на неговиот роман и на бугарски јазик.

Зависно од интересот арапските на читатели ширум светот, арапскиот превод на романот „Дваесет и првиот“ ќе доживува и накнадни, како печатени така и електронски изданија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП